07:25 - 10 ноември, 2026

Бесплатна правна помош за жртвите на насилство – во ЕХО Штип поддршка за 176 жени

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска го посети специјализираното советувалиште за жени и девојки жртви на родово засновано и семејно насилство и нивните деца, ЕХО–Штип.

Од отворањето на советувалиштето за неполна година, за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка се обратиле 176 жртви на насилство.

„Борбата против насилството мора да биде постојана и преку разни форми на помош и поддршка на жртвите на насилство, заеднички да се спротивставиме со цел негово целосно сузбивање“, рече министерката Тренчевска.

Таа посочи дека од голема важност е воспостaвувањето на вакви советувалишта во што поголем број и опфат на сите плански региони затоа што на тој начин се овозможува тие да бидат блиски и достапни до граѓаните односно жртвите на насилство.

„Заложбата на Владата и Министерството за труд и социјална политика, и по ратификацијата на Истанбулската конвенција и донесувањето на Законот за спречување и заштита врз жените и семејното насилство е проширување на сервисите за жртвите на насилство, но исто така од големо значење е и воспоставување на сервиси кои ќе работат и со сторителите на семејно насилство, затоа што семејното насилство е комплексен проблем“, посочи Тренчевска.

На настанот беа присутни и претставници на меѓународната организација УН ВОМЕН и Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување-ХЕРА, со чија поддршка се воспостави ова специјализирано советувалиште во Штип.

Во изминатите 10 месеци ЕХО обезбедила над 200 специјализирани советувалишни услуги со техничка и менторска поддршка на ХЕРА и со финансиска поддршка од Европската Комисија, обезбедена преку македонската канцеларија на УН ВОМЕН.

„ХЕРА посветено работи на развивање на капацитетите на локалните даватели на услуги, за тие да можат да им подадат рака на жените и децата што преживеале насилство. Меѓу нив се и жени и девојки со попреченост, како и жени и девојки од рурални средини кои најверојатно не би можеле да добијат помош доколку таа не е локално достапна. Се стремиме кон тоа ваквите услуги да се бесплатно достапни за жените и девојките низ целата земја, во што клучни се мултисекторските тимови и соработката меѓу државниот и граѓанскиот сектор“, нагласи Елизабета Божиноска, програмска директорка на ХЕРА.

Весна Ивановиќ-Кастаред, раководителката на канцеларијата на УН ВОМЕН (UN Women) во Скопје, ја истакна важноста од темелното спроведување на Истанбулската конвенција и напорите што УН ВОМЕН ги прави во нашата земја. Активностите на ова тело на Обединетите Нации за родова еднаквост и зајакнување на жените се фокусираат на обезбедување поддршка за граѓанскиот сектор за да може да се исправи пред предизвиците што ги налагаат самата меѓународна конвенција како и обврската на државата да ја спроведе истата.

Ова подразбира и обезбедување одржливост на ваков вид специјализирани советувалишта за кои потребата е повеќе од очигледна.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....