17:51 - 10 ноември, 2026

(Фото) Меган Маркл и Хари блеснаа во јавност, на ручек со пријателите: „Сите ја мразат, а пак ја копираат“

Принцот Хари и Меган Маркл првпат беа забележани во јавноста откако војводата од Сасекс отпатува во Лондон на крунисувањето на кралот Чарлс III, известува британски Пејџ сикс.

Порталот TMZ пак, објави фотографии на кои парот влегува во суши бар во Санта Барбара.

Според Пејџ сикс, Меган Маркл и принцот Хари вечерале со Гвинет Палтроу и нејзиниот сопруг, телевизискиот продуцент Бред Фалчук. Ним им се придружиле и Камерон Дијаз и нејзиниот сопруг Бенџи Маден и извршниот директор и основач на Бамбл Витни Волф Херд и нејзиниот сопруг, нафтениот наследник – милијардерот Мајкл Херд.

За излегувањето, Маркл се одлучи за мини фустан од сатен на Хајди Мерик со долги ракави, бела чанта од Cesta Collective и кафени кожени сандали од Хермес.

Принцот Хари пак, се дотерал во бели панталони, црна маица и кафени чевли.

На социјалните мрежи веќе се појавија гласини дека „се гледа стомачето на Маркл“, односно дека таа е бремена со трето дете, но многу е поверојатно дека така е „уловена“ поради моделот на фустанчето.

Инаку тренди чантата која Маркл ја носеше таа вечер, денес е веќе распродадена.

„Сите ја мразат, а пак ја копираат“, гласи еден од бројните коментари. Се согласуваме со точноста на забелешката.

 

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо
Се вчитува....