08:55 - 10 ноември, 2026

(Фото) Меган Маркл и Хари блексаат од среќа заедно: Прослава на роденденот на војвотката од Сасекс

Меган Маркл и принцот Хари отидоа во луксузен ресторан во Монтесито за да го прослават 42-от роденден на војвотката.

Војводата и војвотката од Сасекс биле видени расположени и насмеани заедно. Тие беа фотографирани како го напуштаат трендовскиот италијански ресторан Tre Lune, омилен на познатите личности меѓу кои и на Кортни Кардашијан и Елен Деџенерис.

Ова е прв пат парот да биде забележан заедно во јавноста, поради зголемените гласини за нивната иднина во Холивуд и гласините за напнатост во бракот.

Меган, која денес наполни 42 години, изгледаше гламурозно во црно-бел фустан без прерамки од марката „Posse “ по цена од само 239 долари, во комбинација со нејзината омилена Cult Gaia чанта и црни сандали. Принцот Хари ја придружуваше облечен во ленена сина кошула и бели панталони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Former Ms. Tig (@theformermstig)

Ова е второ појавување на парот во јавноста за неколку дена (првпат се појавија неодамна во видео спот за да ја поддржат интернет безбедноста меѓу младите), откако неколку недели не беа видени заедно. Излегувањето на војводите од Сасекс покажува дека двојката е решена да покаже обединетост и да се бори против гласините за нарушената врска.

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо
Се вчитува....