10.8 C
Скопје
21:41 - 19 октомври, 2026

(Фото) Мадона со нови дегутантни фотографии за инает на сите: „Не мислам да ви се оправдувам“

Мадона објави нови фотографии на Инстаграм откако нејзиниот изглед беше критикуван на интернет. Претходно, фановите на пејачката не ја препознаа на фотографиите од доделувањето на музичките награди Греми и рекоа дека таа изгледа многу поинаку како резултат на лошите пластични интервенции.

На фотографиите објавени на социјалната мрежа Инстаграм, пејачката позира со најстарата ќерка Лурд Леон, а на една од фотографиите Мадона држи провокативен натпис. На друга фотографија го покажува задникот стегнат во тесни гаќички, корсетот, но и позира со исплазен јазик.

инстаграм

Како што забележуваат западните медиуми, на новите фотографии на Мадона повторно може да се видат филтрите и лифтинзите за чија злоупотреба пејачката всушност и беше претходно критикувана.

Пејачката била навредена од коментарите за нејзиниот изглед, но и од фоторепортерите кои, според неа, нарочно ја сликале извитоперена и одблизу на доделувањето на наградите на Греми. Реагирајќи во објава таа се пожали дека се соочила со мизогинија и неразбирање за нејзиното стареење и рече дека била малтретирана во медиумите во текот на целата нејзина кариера. . Пејачката додаде дека никогаш за ништо не се оправдувала и нема да го прави тоа ни сега.

 

Слични објави

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.
Се вчитува....