18:35 - 26 ноември, 2026

(Фото) Леонардо ди Каприо со нова премлада убавица, а не е Џиџи Хадид: Еве со која манекенка е „уловен“ актерот

Дека младите убавици му се слабост на Леонардо ди Каприо, веќе е повеќе од познато. Постојано ги менува, па тешко може да му се фати вистинска трага со која од нив е во посериозна врска. И таман кога сите помислија дека повторно се смирил со Џиџи Хадид, стигнува нова вест.

Актерот Леонардо ди Каприо и моделката Нилам Гил (28) „влетаа“ во објективите на папараците за време на вечерата во ресторан во Париз.

Леонардо ди Каприо (48) продолжува да ги подгрева гласините за неговата романса со 28-годишната манекенка Нилам Гил. Минатиот викенд, парот повторно беше забележан заедно – овој пат на доцна вечера во ресторанот Лулу на улицата Риволи во Париз. Блиските пријатели на Ди Каприо – актерот Тоби Мегваер со 16-годишната ќерка Руби и 16-годишната внука на Ди Каприо Норманди – ја сочинуваа веселата дружина на вечерата.

За прв пат, гласини за романса на Леонардо ди Каприо и Нилам Гил се појавија во јуни 2023 година. Според таблоидите, на почетокот на овој месец, актерот наводно ја започнал девојката со неговата мајка и вечерале заедно во лондонски ресторан. Неколку дена подоцна, Ди Каприо ја поканил Гил на семеен одмор: заедно со неговиот татко Џорџ и маќеата Пеги Ен Фар го поминаа викендот на јахта во близина на италијанскиот град Амалфи.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ откри на што ја потрошил првата голема заработка: „Таа го заслужи тоа!“

Еспресо

(Фото) „Дома за викенд“ : Ѓина Џиновиќ покажа детали од семејниот дом во Монте Карло

apostolova

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Нова едукативна програма за трудници

Еспресо

Снежана Ѓуришиќ искрено за најтешкиот период во животот: „По смртта на сопругот се повлеков од сите, а мир пронајдов во молитвата и разговорот“

Е.А.

(Фото) Како актерките од стариот Холивуд: Бергузар Корел блесна во кадифен фустан и рубини

Еспресо
Се вчитува....