9.8 C
Скопје
18:23 - 30 март, 2026

(Фото) Ламбе во нова авантура, по долго време пејачот се огласи од ова посебно место

Ламбе Алабаковски, нашиот познат пејач  подолго време го немаше во јавноста, и поретко објавува слики на социјалните мрежи, освен поврзано ја проектот „Македонијо, во срце те носиме“  каде што тој заедно со колегите пее преработка на народни и патриотски песни

Тој пред четири години со семејството реши да се врати од Америка во Македонија. Гордиот преспанец сѐ уште најмногу го сака своето родно село Љубојно, а живее недалеку од него, во Битола, а неговата сопруга Магдалена е битолчанка.

„Понекогаш сме строги родители, но се трудиме да бидеме другари со децата, но сепак да се знае авторитетот на родител. Денес децата растат во еден хаотичен свет, па секогаш има нови предизвици.

Михаил оди во нижо музичко, а Димитриј е сѐ уште мал за да откриеме талент. Јас никогаш нема да ги притискам да се вртат кон музиката, сепак е тоа нивна одлука. Се трудиме и што помалку време да поминуваат на екрани, а повеќе да се насочени кон креативни игри и да се надвор во природа“, рече Ламбе за „Слободен печат“.

Неодамна, тој објави своја нова слика како ужива и си ги полни батериите, а тоа е во неговата родна Преспа и тоа со скутер за на вода, а сликата што ја направил е вистинска уметност и го покажува неговиот авантуристички дух.

Фото/ Фејсбук

Слични објави

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо
Се вчитува....