20:23 - 10 ноември, 2026

(ФОТО) КОЈА Е ТАЈНАТА НА ФИЛМОВИТЕ СПАЈДЕРМЕН? Трите филмски двојки станале двојки и во вистинскиот живот

Во Холивуд се крие некоја тајна… Сите филмови на Спајдермен ги следи љубовна приказна. Досега, во трите верзии на стрипот на Марвел, актерите кои ги толкуваат главните улоги, романсата од филмот ја пренесуваат и во реалниот живот. Во што е клучот? Шармантната храброст на Спајдермен, или пак случајност? Можеби никогаш нема да дознаеме…

Тоби Мегваер и Кирстен Данст

Тоби и Кирстен почнале да се забавуваат додека го снимале првиот Спајдермен во 2001 година, но нивната врска ја чувале во тајност. Режисерот на филмовите Сем Раими во интервју рече дека почнале романтична релација на средината на првиот филм и дека раскинаа пред вториот филм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tobey Maguire (@tobeymaguir)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vanity Fair (@vanityfair)

(ВИДЕО) БРОЈ ЕДЕН ФИЛМ ВО СВЕТОТ: Новиот Спајдермен руши рекорди во заработката

Ендру Гарфилд и Ема Стоун

Ендру и Ема се запознале на снимањето на нивниот прв филм за Спајдермен во 2011 година. „The Incredible Spiderman“ не е продуциран од Марвел. Парот се забавуваше четири години. Ема и Ендру раскинаа во 2015 година, но тие сè уште зборуваат многу добро еден за друг. Неодамна, Ендру го нарече периодот кога работел на филмовите „прекрасен“ и како една од причините ја спомена средбата со Ема.

Том Холанд и Зендаја

По спарувањето во „Spider-Man: Homecoming“ во 2017 година, Томдаја има силна и ентузијастичка култура на обожаватели кои „навиваат“ за нивното романтично спојување. Поминаа неколку години и фановите изгубија секаква надеж, но на 3 јули, двајцата актери предизвикаа мешаница во јавноста кога беа уловени како се бакнуваат во автомобил. Том Холанд не ја избегна судбината на Спајдермен, да се заљуби во водечката дама.

(ФОТО+ВИДЕО) НОВА ИНКАРНАЦИЈА НА БЕТМЕН: Курт Кобејн е инспирацијата

 

Слични објави

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.
Се вчитува....