9.8 C
Скопје
14:48 - 31 март, 2026

(Фото) Ким Кардашијан се избламира, во „живо“ ги измеша знамињата на Палестина и Бразил: „Како ја примиле на Правен?“

Кардашијан за време на директен пренос ги измеша знамињата на Палестина и Бразил. Видеото стана вирнално.

42-годишната мајка на четири деца Ким Кардашијан збоуваше во живо на ТикТок, а со неа беше и нејзината 10-годишна ќерка Норт. Бидејќи конфликтот на Блискиот Исток загрижува милиони луѓе, десетици гледачи почнаа да испраќаат емоџи со палестинско знаме во знак на солидарност со цивилите во Газа. Во видеото кое стана вирално на социјалните мрежи, Норт се наведнува кон екранот и прашува: „Кое е ова знаме?“ На што реалити ѕвездата самоуверено одговара: „Бразил. Од кадешто е Нејмар, затоа што зборуваме за фудбал“.

Набргу потоа, Ким побрза да го прекине емитувањето. Фановите останаа запрепастени од грешката на славната личност. Еден корисник на мрежата праша: „Дали Ким навистина не ја гледа разликата помеѓу бразилското и палестинското знаме?

„Како оваа жена ја пуштиле да влезе на правен факултет“, пишува друг.

„Бразилското знаме ги нема ни тие бои“, вели трет тиктокер.

Некои излегоа во одбрана на Кардашијан, сугерирајќи дека таа намерно ја лажела својата ќерка за да ја заштити. Сепак, Норт лесно ќе може да ги прочита низата коментари кои велат дека ова е палестинско знаме.

Потсетуваме дека претходно, Ким и нејзината сестра Кајли Џенер напишаа објави за поддршка на Израел. Кардашијан повика на сочувство за сите луѓе, без разлика чија страна заземаат во овој конфликт: „Секогаш треба да има место во нашите срца за сочувство за невините жртви фатени во ќорсокак на војните за моќ, политика, религија, раса и етничка припадност. “

Слични објави

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin
Се вчитува....