11.8 C
Скопје
16:21 - 30 март, 2026

(Фото) Кејт Мидлтон во воен шлем ги поздравува вооружените сили на Англија

Во Англија денес 25 јуни се слават Вооружените сили. Важен ден за целата земја и кој Кејт Мидлтон избра да го поздрави, заедно со принцот Вилијам ,објавувајќи порака на официјална страница.

„Денес, по повод Денот на вооружените сили, Вилијам и јас сакаме да им оддадеме почит на храбрите мажи и жени, од минатото и сегашноста, кои служат во сите наши вооружени сили, на море, на копно и на воздух, овде во Обединетото Кралство и низ целиот свет. Ви благодариме за сето она што вие и вашите семејства го жртвувате за да не чувате безбедни“.

За таа прилика, војвотката од Кембриџ заедно со нејзините зборови објави и неколку слики кои ја прикажуваат во униформа за време на нејзината посета на воената база на Академијата за обука Пирбрајт минатиот ноември.

„Минатата година ми беше чест да поминам време со британската армија за да видам како тие го обучуваат сегашниот персонал и новите регрути. Беше прекрасно да се видат од прва рака многуте важни и разновидни улоги што војската ги игра секој ден за да не заштити сите нас“.

На фотографиите направени за време на нејзината средба со тренери и регрути, Кејт Мидлтон од прва рака искусила некои вежби кои војската ги изведува за време на обуката. Секако за таа прилика носела воен шлем и се качила во тенк.

Во Англија, Денот на вооружените сили се слави од 2006 година и секоја година се совпаѓа со последната сабота од јуни.

 

Слични објави

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin
Се вчитува....