01:01 - 2 април, 2026

(ФОТО) КАНЈЕ ЌЕ ЈА ОСВОЈУВА РУСИЈА: Раперот во преговори за концерт, бизнис зделка и средба со Путин

канје вест

Раперот Канје Вест планира да ја посети Русија за да продолжи со нови музички и деловни потфати и да се сретне со претседателот Владимир Путин во текот на годинава, изјави неговиот соработник за „Billboard“ во вторникот во коментарите што неговиот претставник за односи со јавност ги оспорува.

Претприемачот и уметник „Је“ ќе го изведе своито прво шоу таму и ќе разговара за деловни зделки со милијардер поврзан со претседателот за време на посетата оваа пролет или лето, според стратешкиот советник на Вест, Амер Судан.

„Тој ќе поминува многу време таму“, ја цитираше „Billboard“ изјавата на Судан, кој додаде дека Русија ќе стане „втор дом“ за него.

Според изјавата на Судан, Вест работи на нови деловни зделки со Агаларов (Арас Агаларов, близок сојузник на Путин, служеше како врска меѓу Путин и Трамп за да го донесе изборот на Трамп за Мис Универзум во Москва во 2013 година. Агаларовови исто така беа во разговори за изградба на кулата Трамп во Москва, проект кој никогаш не се реализираше) кои би ја зголемиле неговата нето вредност на повеќе од 10 милијарди долари.

КОЈА Е НАВИСТИНА ЏУЛИЈА ФОКС, НОВАТА ДЕВОЈКА НА КАНЈЕ ВЕСТ: Има минато на зависничка со постојан ризик од предозирање, слика на платно со сопствената крв, секогаш шетала со убава чанта но без пари…

Претставникот за односи со јавноста на Канје, Пјер Ружие, ги отфрли коментарите на Судан како „целосно измислени“ во изјава за „Rolling Stone“, додека претставникот на Емин Агаларов, Роб Голдстоун, изјави за магазинот дека може „да потврди дека разговорите се во тек“.

КАНЈЕ ВЕСТ И НОВИОТ ПЛАМЕН ЏУЛИЈА ФОКС: Сите детали за нивните средби и дружења

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....