19:17 - 7 ноември, 2026

(Фото) Како изгледа новата сопруга на поранешниот сопруг на Сања Маринковиќ: Сосема е различна од водителката, а свадбата ја сокрил

Српската водителка Сања Маринковиќ со години беше во хармоничен брак со монтажерот и продуцент Александар Ухрин, со кого го доби синот, Страхиња.

Иако изгледаа како идилично семејство, по 10 години заеднички живот донесоа одлука да стават крај на бракот и секој да продолжи по својот пат.

Инаку, Сања во една прилика ги открила деталите за разводот и истакнала дека имала целосна поддршка од својот татко и брат, кои сметале дека многу порано требало да го заврши бракот.

– Кога почнавме да се забавуваме, му реков: „Те молам, ако некогаш одлучиме да раскинеме, нека тоа биде пред да почнеме да се мразиме“. Тоа и го испочитувавме – рекла Сања своевремено и додала:

– Ако татко ми се прашуваше и ако брат ми се прашуваше, требаше и порано да се разведам. Ме наговараа да го направам тоа затоа што пред мене видоа дека повеќе немам сјај во очите. Мојата личност се промени. Ја немаше повеќе таа харизма, сè беше поинаку.

– Се омажив доцна. Страхиња се роди, па дури потоа се омажив, со идеја дека тоа ќе биде за цел живот. До последниот атом на силата се трудев мојот брак да биде приказна за каква што фантазирав – водителката била искрена.

Сања и Александар останале во добри односи по разводот, најмногу поради детето, додека тој лани повторно го изговори судбоносното „да“ на избраничката Јелена.

Слични објави

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо
Се вчитува....