16:10 - 1 април, 2026

(Фото) Кајли Џенер и Тимоти Шаламе веќе не ја кријат љубовта: Бакнежи и нежности на финалето на УС Опен

Манекенката Кајли Џенер и американско-францускиот актер Тимоти Шаламе се „уловени“ како се бакнуваат на тениски меч, на финалето на УС Опен на кое – потсетуваме- победата ја понесе Новак Ѓоковиќ.

Манекенката и ѕвездата на реалното шоу „Семејството Кардашијан“, Кајли Џенер, и актерот Тимоти Шаламе присуствуваа на финалниот натпревар на УС Опен. Фотографиите од парот ги објави Дејли Мејл.

25-годишната Кајли Џенер и 27-годишниот Тимоти Шаламе не ги криеја чувствата еден кон друг: се прегрнуваа јавно и се бакнуваа.

Ѕвездата на реалити шоуто носеше тесна црна маичка и сини фармерки, додека актерот носеше сива маица, фармерки и црн дуксер со качулка.

Романсата на Кајли Џенер и Тимоти Шаламе првпат излезе на виделина откако таблоидот DeuxMoi објави фотографии од парот како разменуваат нежности по ревијата на Жан Пол Готје во Париз. Извори за таблоидот тогаш тврдеа дека Тимоти и Кајли заедно ја дочекале Новата година во Аспен и потоа отишле на одмор на островите Туркс и Кајкос.

На почетокот на летото, таблоидите ги објавија првите заеднички фотографии на парот, направени за време на пикник во куќата на актерот во Лос Анџелес.

На почетокот на август се појавија гласини за разделба на ѕвездената двојка: инсајдер објави дека Шаламе ја оставил Кајли Џенер, и дека привремено само ја користел како „промотивна девојка“ за неговиот нов филм Вили Вонка. Изворот исто така тврдеше дека Џенер минува низ болен период по раскинувањето со актерот. Сепак, веќе следниот ден овие гласини беа негирани од други, различни извори.

А, сега, и официјално е – тие не ја кријат повеќе нивната врска и очигледно многу се вљубени.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо
Се вчитува....