14:50 - 13 ноември, 2026

(Фото) Џенифер Лопез во суперсекси издание во „каубој“ стил: Го „украде“ вниманието на ревијата на Ралф Лорен

Актерката и се придружи на Кара Делевињ за време на модната недела во Њујорк.

54-годишната американска пејачка и актерка Џенифер Лопез се појави во јавност во проѕирен фустан. Таа им се придружи на глумицата Габриел Унион и моделката Кара Делевињ на модната ревија на Ралф Лорен за колекцијата пролет/лето 2024 година, во Њујорк.

Џеј Ло го „украде“ вниманието облечена во слоевит свилен проѕирен фустан со метални детали. Горниот дел од комплетот беше само делумно закопчан, акцентирајќи го сребрениот ѓердан што го покриваше поголемиот дел од нејзините гради.

Околу нејзиниот фустан беше обвиткан кафеав ремен со голема сребрена тока.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @glamfendi

Сопругата на Бен Афлек во раката носеше мала чантичка во крем нијанса. Нејзината долга коса беше стилизирана во нежни кадрици.

Лопез на модната ревија се појави без нејзиниот сопруг, оскаровецот Бен Афлек, со кој се омажи во летото 2022 година.

 

Слични објави

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.
Се вчитува....