16:59 - 4 ноември, 2026

(Фото) Јосипа Лисац првпат во вакво издание, обожавателите збунети: „Зарем никогаш не се сонча?!“

Хрватската музичка дива Јосип Лисац сме навикнале да ја гледаме во безброј изданија – од сценски, раскошно екстравагантни комбинации до ретки, интимни моменти надвор од рефлекторите. Сега таа изненади со сончева разгледница од палубата: лежерно, под зраците на сонцето.

„Мал одмор пред она што доаѓа. Наскоро повеќе!“, се вели во описот на најновата објава на Јосипа Лисац.

На фотографијата, таа може да се види како лежи на сонце на палубата на јахта во посебен костим за капење кој повеќе личи за на вежбање или нуркачки костум, бидејќи има долги ракави и ногавици.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Josipa Lisac (@josipa_lisac)


Што и да е, таа го носи сензационално. Некои од обожавателите биле збунети од глетката.

„Зошто никогаш не се сончаш? Секогаш заштитена, ова навистина ме изненади!“, коментирала една следбеничка.

На многумина не им е познато дека кога ужива во летото, Јосипа се придржува до строгиот режим на заштита од сонцето.

За разлика од многумина што се разголуваат, кога таа оди на плажа, се покрива од глава до пети. Јосипа внимателно го чува својот порцелански тен.

Новиот кадар на Јосип истовремено е и симпатично отстапување од нејзината препознатлива рутина и уште една потврда за нејзината слобода – дека дури и во моментите на одмор таа останува верна на себе, ненаметливо елегантна и секогаш донекаде недостижна. Овој пат таа собра нови симпатии со својата искреност и спонтаност.

Како што своевремено изјавила, таа многу повеќе ја претпочита ладовината отколку „пржењето“ на плажа, а одењето на море секогаш би го заменила со скијање.

„Не се сончам на плажа. Го избегнувам тоа затоа што го сакам мојот прекрасен, бел тен“, претходно ја објасни тајната на својот фамозен изглед.

 

Слични објави

Четири хороскопски знаци ги очекува тешка 2027 година — ќе мора да донесат важни животни одлуки

К.С.

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо
Се вчитува....