08:04 - 25 ноември, 2026

„Ми се слоши во авион, тогаш ми соопштија дека имам тумор на панкреасот“: Сестрата на Наташа Беквалац поминала низ тежок период

Најстарата сестра на Наташа Беквалац, Драгана, денес има 53 години, води успешен бизнис и семејство, но зад себе носи и исклучително тежок период од животот – кога ѝ бил дијагностициран тумор на панкреасот.

Иако пејачката Наташа Беквалац е особено блиска со своите сестри, јавноста најмногу ја познава Кристина. Постарата сестра Драгана, пак, ретко се појавува во медиумите. Таа е најстарата од трите сестри Беквалац и веќе со години успешно раководи со сопствен бизнис – два салони за убавина, во Нови Сад и во Белград. Среќно е мажена за Михајло Шекуларац, со кого има две ќерки кои се занимаваат со музика и спорт.

Со својот изглед, Драгана често добива комплименти дека може да парира на многу помлади жени од естрадата. Во моментов престојува во Црна Гора, а објавите на нејзиниот Инстаграм профил редовно привлекуваат бројни коментари.

Во една објава упатена до својата ќерка, Драгана се присети на 11 април 1999 година – ден кој целосно ѝ го променил животот.

„Беше бомбардирање… бев во деветтиот месец од бременоста и ми се слоши во авион. Слетавме итно и следеше предвремен пород. Останав сама во болница меѓу непознати луѓе, не знаев јазик, а потоа ми соопштија дека имам тумор на панкреасот и акутен панкреатитис“, напиша таа.

По породувањето следела тешка постпородилна депресија. „Не сакав веќе ни да живеам, но по две недели ја прифатив ќерка ми и тогаш започна мојот ролеркостер“, искрено признала Драгана.

Таа ја опишува својата ќерка како храбра, интелигентна и самостојна девојка: „Понекогаш ми вели – не знам што ти не е јасно, па не ме роди кога требаше. Но јас сум горда што е своја, што знае што не сака, и што направи многу нешта кои јас не сум се осмелила. Денес сум горда мајка на силна жена, уметничка душа и исправна личност.“

Слични објави

Дневен хороскоп за 25 ноември: Не плашете се да предложите нешто различно

Е.А.

Не дозволувајте попустите да ви го испразнат паричникот — како паметно да пазарувате на Црн петок?

apostolova

Вики Миљковиќ откри зошто не оди на слава кај кумата Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Синот на Лепа Брена ја украси елката во станот вреден 700.000 евра – сите гледаат во необичниот украс на врвот

Еспресо

Секој има свој кат: eве кој сè живее во замокот на Драгана Мирковиќ вреден 50 милиони евра

Еспресо

Го напушти Мостар со 200 марки в џеб, преживеа семејна трагедија и стана една од најголемите регионални ѕвезди

apostolova
Се вчитува....