22:22 - 3 ноември, 2026

(Фото) Јелена Томашевиќ на плажа во црно бикини: Сонцето, морето и јас

Српската пејачка Јелена Томашевиќ важи за една од најстилизираните во регионот, а често ја гледаме во елегантни и отмени комбинации.

Јелена сега одлучила да ги изненади своите следбеници, па сподели една фотографија од море на која позира во бикини.

Instagram

Пејачката се одлучила за дводелен црн костим за капење, преку кој носела бела проѕирна наметка. Бидејќи не сме навикнати на ваквите нејзини изданија, многумина се воодушевија од нејзината витка линија.

– Сонцето, морето и јас – напиша таа кратко на англиски јазик во описот на објавата.

Instagram

Јелена има 42 години и изгледа „никогаш подобро“, како што забележале нејзините следбеници.

Судејќи според прекрасните фотографии, сигурно е дека ужива во морето и во летниот одмор.

Пејачката заедно со сопругот Иван Босиљчиќ се на летување во Италија.

 

 

 

Слични објави

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо

Солзи и аплаузи на промоцијата на „Дом“: Давид Темелков ги расплака Владо Јовановски и Марија Кондовска

apostolova
Се вчитува....