8.8 C
Скопје
18:06 - 31 март, 2026

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

андрија милошевиќ

Актерот Андрија Милошевиќ се соочил со многу непријатна ситуација, за што ги информирал своите следбеници. Тој апелирал до сите да обрнат внимание и да бидат претпазливи, бидејќи се нашол жртва на измама.

„Chicken road е измама. Тие го користат мојот лик за промоција, а јас немам никаква врска со тоа. Ве молам обрнете внимание“, напишал Андрија.

Милошевиќ рекол дека ангажирал адвокат и дека тоа ќе го реши по правен пат.

„Уште еднаш да објавам дека мојот лик со вештачка интелигенција се користи за некаква кокошка што носи пари, не наседнувајте на тоа. Јас немам никаква врска со тоа. Тоа е класична измама, се обидувам да ставам крај на оваа неволја преку адвокат. Веќе три години не рекламирам игри на среќа, ниту пак, имам намера. Споделете го ова за да можат да го видат што е можно повеќе луѓе, ви благодарам“, напишал Андрија.

И пејачката Џејла Рамовиќ неодамна беше жртва на голема измама, а по тој повод таа итно се огласи на социјалните мрежи.

„Сакам да ја известам јавноста дека рекламата во која се користат моето име, презиме, лик и глас е лажна и дека јас не сум поврзана со неа на никаков начин! Во таа реклама, мојот идентитет е користен без моја дозвола, а гласот што се користи е генериран со помош на вештачка интелигенција (ВИ), исто така без мое знаење и согласност. Јас не учествував во таа кампања, ниту пак, имам каква било врска со производот или услугата што се промовира на тој начин“, порачала Џејла.

 

Слични објави

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.
Се вчитува....