17:19 - 10 ноември, 2026

(ФОТО) ИТАЛИЈАНСКИ ПЕШТЕРКИ ГРАД: Во Матера е снимен последниот филм за Џејмс Бонд

ЏЕЈМС бонд 007 no time to die трејлер

Сместен на рид, полн со разни историски приказни што ги доживеал, италијанската Матера е место на кое е тешко да се одолее.

Градот, еден од најстарите во светот, е познат како Ерусалим на Запад благодарение на неговата локација на варовнички карпи и неговите познати пештерски куќи Саси.

Матера се наоѓа во јужниот италијански регион Базиликата, која е една од најсиромашните региони во земјата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Diego Pierotti (@masterpiero90)

На листата на УНЕСКО за светско наследство стигна во 1993 година, а во 2019 година стана европска престолнина на културата.

Во 2019 година беше забележан поголем прилив на туристи, но пандемијата на коронавирус го намали интересот и посетите.

Сепак, градоначалникот Доменико Бенарди рече дека се надева дека ќе привлече повеќе туристи откако последниот филм на Џејмс Бонд е снимен токму тука и посочи дека седмата уметност отсекогаш била важна за градот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matera Postcards (@materapostcards)


Имено, најпознатиот таен агент сака да посетува атрактивни локации, па беше сосема логично да посети некои од нив во последниот филм.

Дел од акцијата се уште се одвива во Лондон, а се снимаше и во Норвешка, на леденото езеро Нитадал и на Фарските Острови.

Меѓутоа, во самиот трејлер, најзабележана е Матера, низ чии тесни улици во улогата на Џејмс Бонд,  актерот Даниел Крег го возеше својот Астон Мартин.

Ова е прво појавување на Матера во филм за Џејмс Бонд, а овој град веќе многупати служеше како филмска позадина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matera Postcards (@materapostcards)

Престојот во Матера навистина изгледа како живот на филмски сет, целиот свет на градот е сместен во поранешни пештери. Еден од најпознатите хотели е „L’ Hotel in Pietra“, кој се наоѓа веднаш зад катедралата, и каде ноќевање чини 67 евра.

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.
Се вчитува....