09:09 - 2 ноември, 2026

(Фото) „Исплива“ фотографија од Брејк: Ретко кој го знае во ова издание

Дарко Гелев- Брејк ретко снима песни, но во последно време наоѓа простор и за музиката и покрај бизнисот кој го води, радио станиците чиј сопственик е.

Тој е женет со Драгана Клопчевска, поранешна Мис на Македонија. Дарко е прв братучед на нејзин школски другар и одамна се познавале. После многу години се виделе повторно, почнале да излегуваат на кафе и со тек на времето сфатиле дека се создадени еден за друг.

Двојката ги има синот Давид и ќерката Деа, а Брејк е татко и на Марко кој е веќе возрасен.

Брејк минатата година ја сними баладата „Оваа песна не знаев да ја напишам“. Интересно е што песната има тројца автори на текстот: Никола Перевски-Пере од „Нокаут“, Гелев и Игор Џамбазов. Перевски е автор на музиката и на аранжманот .

На една Фејсбук страница се појави слика од Брејк кога бил доста помлад. Сликата е црно- бела и е од времето на групата „Октавијан“ во која тој беше дел од членовите. На сликата со него се Јован Бицевски и Дарко Тасев.

Слични објави

Крцкави лиснати печива со сирење и сланина — вкусни залчиња од само неколку состојки

К.С.

Дневен хороскоп за 2 ноември: Биковите ги очекува пријатно изненадување, а Скорпиите ќе донесат важна одлука

К.С.

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.
Се вчитува....