8.8 C
Скопје
19:07 - 30 март, 2026

(Фото) Ирена Спировска непрепознатлива, со новиот гламурозен имиџ, водителката „грми“

Ирена Спировска на Фејсбук објави слики со сосема нов имиџ, а сликана е во Охрид. На сликите со неа е стилистката Мери, која направила одлична промена кај нашата позната водителка.

Кај Ирена на сликите ја има кадравата коса по која е препознатлива, но е фенирана поинаку, а и шминката е уникатна, па така на сликите е речиси непрепознатлива.

„Благодарам за преубавиот мејкап стајлинг за Охрид фест 2025“, напишала водителката до сликите. Ирена има интересна животна приказна, а дел од неа, раскажа во една прилика за „Слободен печат“.

„Јас завршив средно медицинско училиште, отсек забни техничари, и токму еден од професорите чија сопруга беше просветен работник, во една пригода ни обрна внимание на тоа колку изборот на професијата влијае врз начинот на кој ќе го живееме животот.

Тој беше убеден дека неговата сопруга има една од најубавите професии што може да ги работи една жена, а тоа е учителка. Тоа ме поттикна да размислувам кои професии би сакала да ги работам.

Иако се одлучив да студирам книжевност и македонски јазик со желба да бидам просветен работник, сепак, станав ТВ-водител, што значи дека понекогаш професијата нè избира нас, а не ние неа“.

Фото/ Фејсбук

 

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.
Се вчитува....