20:37 - 10 ноември, 2026

(Видео) Ела Дворник шокираше со износот на својата месечна заработка! Повеќето овој износ не го заработуваат ниту за една година!

Неодамна објавеното видео на Јутјуб од хрватската инфлуенсерка Ела Дворник, во кое таа им објаснува на гледачите како живее седум дена со буџет од 30 евра, привлече големо внимание на јавноста. Дворник отишла до продавницата пеш со ранецот на грб, а сметката изнесувала 22,26 евра. Во коментарите, нејзините обожаватели го пофалија овој предизвик со кој таа го потврди статусот на најпопуларна инфлуенсерка во Хрватска и докажа дека може да функционира во скромни услови. Сепак, пред помалку од две години, Ела ја изненади јавноста и со информации за нејзината заработка.

Ела гостувала во емисијата „Књазалиште“, каде што водителот Роберт Књаз ја ставил во улога на градежен работник. Ела редела плочки и уредувала нечија куќа со мајсторот Хус. Покрај тоа, таа открила колку може да заработи како инфлуенсерка за еден месец. Ова е актуелна тема, бидејќи многумина имаат впечаток дека маркетингот на инфлуенсери е многу профитабилен бизнис, а ретки инфлуенсери и популарни луѓе од социјалните мрежи зборуваат за точните износи што им легнуваат на банкарските сметки на почетокот на месецот.

Ела изјавила дека може да заработи до 80.000 евра месечно.

– Од 10.000 до 80.000 евра – рекла инфлуенсерката, на што сите останале без зборови.

– Па, не можам да заработам толку годишно – одговорил еден од градежниците и додал дека градежниците, ако се добри, можат да заработат околу илјада и пол евра месечно.

– Ќе ве нема повеќе, ќе ве снема – му рекла Ела.

Притоа, таа открила дека нејзината кариера како инфлуенсер започнала во 2014 година, кога напишала блог.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ella Dvornik-Pearce (@elladvornik)

Слични објави

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.
Се вчитува....