29.3 C
Скопје
13:07 - 7 јуни, 2026

ФОТО | „Илјада лудаци околу мене…“: Северина во големо друштво на одмор кое го поздрави со стих од нејзина песна

Врската на Северина и Игор на почетокот беше како од бајките. Прекрасна свадба, многу љубов и разбирање, прекрасни дружења со семејството на Игор, чиј татко е Драган Којиќ – Ќеба, музичар и пејач, колега на Северина кој беше особено горд што хрватската пејачка е негова снаа.

Игор Којиќ беше покрај пејачката во нејзините најтешки моменти кога се бореше за старателството над нејзиниот син Александар, но очигледно љубовта не беше доволна.

Двојката беше во брак шест години, а пред повеќе од една година се појавија гласини за распадот на нивниот брак. Сомнежите дополнително се разгореа кога неодамна престанаа да се следат еден со друг на социјалните мрежи.

Севе и Игор го официјализираа разводот, на хартија и си посакаа се најдобро еден на друг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


„Игор е прекрасен партнер, поддршка, беше со мене во најтешкиот период од мојот живот и му ја посакувам сета среќа на овој свет. Знам дека сум јавна личност, но не сум јавна вреќа за „млатење“. Секоја разделба е тешка и ги молам медиумите да се воздржат од пишување на глупости и непроверени трачеви, вели Северина и порача: „Мене мојот живот не можете да ми го уништите, но за вашиот се уште имате шанса да го поправите“, изјави Северина за Индекс.хр

По изјавата на Северина за Индекс.хр, се огласи и Игор.

– Се е кажано, благодарам за разбирањето, им рече Којиќ на новинарите на Слободна Далмација кои го повикаа за коментар, а неколку дена по тоа објави фотографија со кумот во кафана.

Севе не остана да седи и плаче, туку замина на одмор во хотел во близина на Задар, од каде пејачката објавува прекрасни фотографии.

„Илјада лудаци околу мене…“, стои во описот на фотографијата на која Северина го покажа своето друштво во чие друштво ужива.

Описот на фотографијата е стих од еден познат хит на Северина.

 

 

Слични објави

Лепа Лукиќ заврши во Ургентен центар, интервенирала Брзата помош

Еспресо

(Видео) Саша Ковачевиќ и Зорана ставија круна на љубовта што трае речиси една деценија

Т.Ц.

Јована Јеремиќ објави шокантни фотографии – еве што се случува во нејзиниот дом, сѐ е уништено 

E.A.

(Фото) Марија и Бојан од „Ај кју“ прават свадба на Халкидики, Сара Мејс објави први детали

Еспресо

(Видео) Северина во штикли заигра кошарка – погледнете како се загреваше пред концертот во Макарска

Т.Ц.

„Ниту една филмска љубов не може да се мери со нашата“: Мишел Фајфер му упати нежни зборови на сопругот

Т.Ц.
Се вчитува....