21:17 - 3 ноември, 2026

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Српската пејачка Тијана Богичевиќ прослави 45-ти роденден во друштво на најблиските, а убавиот повод го одбележа со интимна прослава на која ги собра семејството и пријателите. Пејачката, чиј глас важи за еден од најпрепознатливите на домашната музичка сцена, сподели дел од роденденската атмосфера на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.

На фотографиите Тијана е расположена, насмеана и опкружена со драги луѓе. Иако одлучила роденденот да го прослави во потесен круг, не заборавила да им се заблагодари на сите што ѝ испратиле честитки и убави желби.

„Од оваа година престанувам да бројам. Ви благодарам за пораките и убавите желби, ве бакнувам сите!“, напишала пејачката покрај објавата.

Меѓу првите што ѝ се обратија во коментарите беше и музичката ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ. Таа не ја пропуштила можноста да ѝ испрати искрена честитка и да ѝ посака многу среќа.

„Среќен родендеееен! Само биди среќна секогаш и засекогаш…“, ѝ напишала Цеца, додавајќи емотикони со шампањско и роденденска торта.

Тијана веднаш ѝ одговорила со благодарност и црвени срца.

„Ти благодарам од срце“, напишала пејачката.

Роденденската прослава доаѓа во период кога Тијана се подготвува и за нови музички средби со публиката.

Таа на 17 декември ќе настапи пред белградската публика во салата на Сава центарот, каде што нејзините обожаватели ќе имаат можност во живо да ги слушнат нејзините најпознати песни.

Слични објави

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо

Солзи и аплаузи на промоцијата на „Дом“: Давид Темелков ги расплака Владо Јовановски и Марија Кондовска

apostolova

(Видео) Има само 15 и пол години, а веќе е на големата сцена: Тамара Грујеска успешно дебитираше на „Макфест“

Еспресо

Милица Тодоровиќ ја откри причината зошто таткото на детето се криел: „Мајка ми ми рече дека така е најдобро“

Еспресо

Дани Димитровска го посети синот Лазар во Холандија: Сакав да биде независен, да научи да живее далеку од мене

Еспресо
Се вчитува....