22:20 - 3 ноември, 2026

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец и актуелен министер за спорт, Борко Ристовски, наполни 44 години. Роденденот го одбележа во кругот на најблиските, а неговата сопруга Нина Ристовска му упати емотивна честитка на социјалните мрежи.

Во својата посвета, Нина се осврна на нивниот заеднички живот и на предизвиците што ги поминале како двојка. Таа не го криеше восхитувањето кон неговата спортска кариера, но особено ја истакна неговата посветеност како татко на нивните две деца.

„44 години исклучителен живот на борец, шампион и вистинска жива легенда. Човек од кој сум научила многу и на кој никогаш не сум престанала да му се восхитувам. Животот со тебе е вистински ролеркостер, но приказна што вреди да се живее“, напиша Нина во роденденската честитка.

За неа, најзначајните победи на Ристовски не се оние што ги остварил на ракометниот терен.

„Од сите твои победи, најголемата е тоа што си прекрасен татко, а за мене секогаш ќе биде гордост што си мој сопруг“, порача таа.

Во продолжение, Нина му се заблагодари за заедничките години и за поддршката, нагласувајќи дека зад неговиот јавен лик стои човек со големо срце.

„Ти благодарам што никогаш не не разочара и што остана шампион во се што правиш, на теренот и надвор од него“, напиша таа, додавајќи дека оние што вистински го познаваат знаат каков човек е надвор од спортот.

Фото: Инстаграм

Роденденот следува само неколку дена откако двојката одбележа десет години од почетокот на својата љубовна приказна.

Борко и Нина склучија граѓански брак на 29 јануари 2018 година, а истата година го добија синот Душан. На почетокот на 2023 година нивното семејство се зголеми со раѓањето на ќерката Анастасија.

Слични објави

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо

Солзи и аплаузи на промоцијата на „Дом“: Давид Темелков ги расплака Владо Јовановски и Марија Кондовска

apostolova

(Видео) Има само 15 и пол години, а веќе е на големата сцена: Тамара Грујеска успешно дебитираше на „Макфест“

Еспресо
Се вчитува....