Српската пејачка Марија Шерифовиќ го живее животот до максимум. Пејачката дефинитивно стигнала до фазата од животот кога може сè да прави како што сака, а како што можете да видите, тоа го комбинира многу добро. Концерти, па одмор, па концерти, па одмор, па најубавите моменти со синот Марио. Марија сега отишла на уште едно патување во друштво на својот син, но и на своите пријателки.

Пејачката споделила моменти на уживање на плажа и во морето со своите пријателки на кои може да се види во костим за капење.
На друга фотографија позирала со малиот Марио во скут.
Шерифовиќ и нејзиниот син се среќни и насмеани на фотографијата. Таа уште еднаш покажа колку ужива да биде мајка, додека обожавателите ги пофалија нивните заеднички фотографии во коментарите и рекоа дека зрачат со среќа и љубов.

Марија во една прилика зборувала за купување недвижности на егозитичниот Бали.
– Дури и да купам нешто, не чувствувам потреба да зборувам за тоа со медиумите. Но, една третина од моето срце е на Бали. Јас сум номад и сакам да патувам. Таму завршив сосема случајно бидејќи мојот терапевт живее таму. Марио исто така го сака Бали и уживаше со мене – додаде пејачката.
Да потсетиме, како што рече извор близок до пејачката, таа го искористила последниот престој во Индонезија за да посети неколку локации за купување куќа на овој остров. Особено ѝ се допаднала една од понудените.
– Марија одлучила да си купи куќа на Бали. Недвижностите таму не се скапи, како што мислат многумина. Со оглед на тоа што таа го посетува овој остров неколкупати годишно, бидејќи таму го пронашла својот внатрешен мир, сфатила дека е најисплатливо да купи недвижност. Таа повеќе нема да троши големи суми за сместување, а секогаш ќе има каде да оди и целосно да се опушти. Нејзината блиска пријателка Јована, како и нејзината мајка Верица, целосно ја поддржаа во таа идеја. Тие исто така го обожаваат Бали. Еден ден за време на последниот престој, таа и Јована се сретнале со агент за недвижности и посетиле неколку дестинации.
– Тие ги разгледаа веќе постоечките апартмани и куќи, како и оние што наскоро ќе бидат завршени. Особено им се допадна една куќа во изградба, чија цена е 215.000 евра. Целиот комплекс е сè уште во изградба, а вселувањето е планирано за август оваа година. Тие исто така се согласија веднаш да ја капарисат – рекол изворот за српски „Курир“, кој потоа опишал како изгледа куќата:
– Прекрасна е и совршено одговара на нивните потреби. Има 111 квадратни метри простор за живеење, додека земјиштето е распослано на 195 м2. Станува збор за нов премиум клупски комплекс од вили и станови на Бали. Куќата се наоѓа на локација со најдобар поглед на Улувату. Парцелата има 2,5 хектари. Сè е како во филмовите – рекол изворот неодамна.
