22.6 C
Скопје
21:35 - 8 јули, 2026

(Фото) Одевме 18 часа, времето се влошуваше: Илина Арсова искрено за новата експедиција на Андите

Планинарката и алпинистка Илина Арсова повторно испиша ново поглавје во својата планинарска кариера, искачувајќи ги врвовите Јанапача (5.460 метри) и Чопикалки (6.354 метри) на Андите.

По враќањето од експедицијата, таа на Фејсбук сподели емотивен осврт за искуството, кое го опиша како „вистинска храна за душа“.

„Се обидувам да најдам зборови да опишам барем дел од овие нови незаборавни доживувања од Андите, кои ми се огромна инспирација години наназад. Вистинска храна за душа… Комбинација од моќни планини, традиција и искуство во качување, но и генерациска мудрост на автохтоните популации за здрав однос и почит кон природата“, напиша Арсова, додавајќи дека ова патување за неа значело и освојување на „две нови прекрасни планини – Јанапача 5.460 м. и Чопикалки 6.354 м.“

Таа открива дека по кратката аклиматизација, заедно со својата другарка Кори, се приклучила на мала експедиција предводена од Фреди Лумбе.

Во статусот се навраќа и на својата претходна посета на Јанапача пред осум години.

„На базниот камп на Јанапача бев еднаш пред осум години кога не беше сезона за качување. Врнеше многу дожд и воопшто не тргнавме кон глечерот. Тогаш работев во еден хостел, па и немав многу време за качување“, раскажува Арсова.

Овојпат, поради опасност од сераци што можеле да предизвикаат лавини, рутата била изменета.

„Оваа година, заради опасни сераци кои може да предизвикаат лавина, рутата одеше по срт, што ни пружи прекрасни глетки и магично изгрејсонце над Cordillera Blanca. Се качивме на врв околу 7 наутро на 28.06 и истиот ден се симнавме и продолживме кон базниот камп на Чопикалки за да го искористиме доброто време“, напиша таа.

Следниот голем предизвик бил Чопикалки, каде што тимот прво се искачил до висинскиот камп на околу 5.300 метри.

„Тргнавме нагоре кон еден после полноќ и на врвот бевме во осум наутро. Теренот вклучуваше стрмни заледени ѕидови од по 120 метри и нагиб до 80 проценти. Времето се влошуваше, а снегот не беше посебно стабилен, па симнувањето, кое вклучуваше барем шест абзели – спуштања по јаже, ни зеде доста време.“

За тежината на експедицијата најдобро говори фактот што истиот ден успеале да се вратат до базниот камп.

„Истиот ден се симнавме назад до базниот камп, што значеше 18 часа нон-стоп одење и преку 3.000 метри висинска разлика“, истакнува Арсова.

Таа најавува дека ова е само почеток на приказната и дека наскоро ќе ги сподели и моментите кои најчесто остануваат незабележани.

„Во целост, нови прекрасни искуства за кои наскоро ќе ви раскажам и повеќе. Не само за техничкиот дел на искачувањето, но и за нераскажаните приказни на оние кои се постојано во позадина, а се клучни личности за една ваква организација. Им благодарам“, завршува Арсова.

Слични објави

(Фото) Глетка која ретко се гледа! Марија Шерифовиќ се соблече во бикини, еве кој ѝ прави друштво на море

Еспресо

Најголемиот страв на Ена Беговиќ се претворил во реалност: „Ужасно се плашеше од возење со автомобил, како да претчувствуваше нешто“

Т.Ц.

(Видео) Ана Ивановиќ ги запали мрежите со „изданието на Вимблдон“: Кога не е во бикини, е во фустан

Еспресо

Гоца Тржан денеска го слави 52-от роденден, а прв јавно ѝ честиташе поранешниот сопруг Иван Маринковиќ

Еспресо

(Фото) Вака изгледаше Ана Севиќ во венчаница кога му кажа „да“ на Даниел

Еспресо

На Слаткар не му е чудно што е мета на критики: „Собираа потписи за да ми го откажат првиот концерт во 2009 година“

Еспресо
Се вчитува....