08:31 - 7 ноември, 2026

(Фото) Фотографијата од најмладата ќерка на Роналдо предизвика бројни полемики: „Бебето го учат на непотребни луксузи“

Џорџина Родригез и Кристијано Роналдо неодамна станаа родители по втор пат, додека фудбалерот има уште три деца кои му ги родиле сурогат мајки.

Џорџина Родригез и Кристијано Роналдо најпрво ги растажија своите следбеници со емотивна објава кога открија дека има проблем со бременоста на близнаците, а Џорџина родила само девојче Бела Есмералда, додека братот близнак починал.

По излегувањето од болница споделија голема семејна фотографија на која се гледа дека сите се многу среќни заедно, но и дека се опоравуваат од трагичната загуба што ја доживеале.

Џорџина сега привлече внимание со една конкретна објава, но привлече и донекаде негативни коментари. Ја фотографирала Бела Есмералда додека спиела, а два детали „паднале“ в очи на фановите.

инстаграм

Имено, лесно може да се забележи дека бебето има лигавче со потпис на брендот Диор, па се постави прашањето зошто на бебето му треба нешто толку скапо, но тоа не е единственото нешто што предизвика негативни коментари.

Роналдо и Џорџина и ги прободеа ушите на малата Бела Есмералда која нема ни три месеци. Ова предизвика жестока полемика со оглед на тоа колку е мало бебето и дали е потребно во тој период да има обетки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Слични објави

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.
Се вчитува....