13:20 - 7 ноември, 2026

(Фото) „Фала ти за сè, мир Божји“: Зои Блаж со сопругот Тадеј и ќеркичката Мариа го посети Острог

Македонската пејачка и мејкап артистка Зои Блаж деновиве го посети манастирот Острог во Црна Гора, а во едно од најпознатите православни светилишта во регионот беше заедно со сопругот Тадеј Матијашиќ и нивната ќеркичка Мариа.

Зои сподели моменти од семејната посета на социјалните мрежи, а покрај фотографијата од Острог остави кратка порака исполнета со благодарност.

Фото: Инстаграм/Зои Блаж

„Фала ти за сè. Мир Божји“, напиша таа.

Посетата на Острог има посебно значење за Зои, која во изминатиот период отворено зборуваше за својот пат до мајчинството и за предизвиците низ кои поминала пред да ја добие ќеркичката.

Фото: Инстаграм/Зои Блаж

По долгата борба да стане мајка, Зои минатата година ја оствари својата голема желба и ја доби Мариа.

Сега, заедно со сопругот и нивното девојче, таа го посети светилиштето посветено на Свети Василиј Острошки.

Фото: Инстаграм/Зои Блаж

Манастирот Острог, вграден во карпите над Бјелопавлиќката Рамнина, е едно од најзначајните православни светилишта на Балканот.

Во него се чуваат моштите на Свети Василиј Острошки, а секоја година го посетуваат голем број верници кои доаѓаат да се поклонат и да се помолат за здравје, мир и благослов.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....