13.8 C
Скопје
15:59 - 17 октомври, 2026

(Фото) Еве како изгледа ќерката на Никол Кидман и Том Круз: Со родителите не е во контакт со години

Бела Кидман Круз, ќерката на холивудските актери Никол Кидман и Том Круз, објави фотографија на инстаграм „стори“ на која на своите следбеници им ја покажа новата фризура.

Таа позираше со пократка коса и шишки и му се заблагодари на својот фризер од Лондон.

Оваа 30-годишна девојка по професија е моден дизајнер, а во 2015 година се омажи за Макс Паркер. Двојката живее во Лондон, а Бела во неколку наврати за медиумите изјави дека не е во контакт со родителите, што се виде и на денот на нејзината венчавка, каде што не присуствуваа ниту Никол ниту Том.

Како причина за нејзиното несогласување со Никол, Бела го наведе своето членство во скиентолошката заедница, каде што е активен член и организатор.

На својот Инстаграм профил најчесто објавува цртежи и природа, но понекогаш ги изненадува своите следбеници со по некое селфи.

Никол и Том ја посвоија Бела во 1992 година, како и нејзиниот биолошки брат Конор Круз, кој сега има 28 години. Поранешните сопружници се разведоа во 2001 година по повеќе од десет години брак, а Бела тогаш имаше само осум години.

Том Круз е отуѓен и од својата ќерка Сури, која ја доби во бракот со Кејти Холмс. Во времето на нивното разделување, беше објавено дека Кејти одлучила да го прекине бракот од страв дека ќе ја одгледа својата ќерка како скиентолог поради неверојатната посветеност на Том кон оваа религија.

Нејзината одлука да ја напушти религијата, како и бракот, предизвикаа голем раскол меѓу поранешните сопружници, поради што односот на Том и Сури со текот на годините се повеќе се влошуваше и тие се повеќе се оддалечуваа.

„Сури повеќе не го познава татко ѝ и не поминала време со него десет години“, изјави инсајдер за Дејли мејл.

Слични објави

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

„Почивај во мир, ангелу македонски“: Перо Камиказа откри како Тоше Проески му дошол дома и ги пеел песните на „Меморија“

К.С.

Го започнувате и завршувате денот со социјалните мрежи? Психотерапевтите предупредуваат на последиците по менталното здравје

К.С.

Јаде пет пати дневно, а слабее: Ова е режимот на исхрана со кој Душица Јаковљевиќ ослабе девет килограми

Е.А.
Се вчитува....