13.8 C
Скопје
17:12 - 17 октомври, 2026

(Фото) Згодниот адвокат на Гвинет Палтроу е најпосакуван маж: Правник, музичар, јазичар, политиколог, и згора на тоа скромен човек

Згодниот адвокат, бранител на Гвинет Палтроу, Џејмс Иган, од неодамна стана неочекуван срцекршач на гледачите и корисниците на социјалните мрежи кои го следеа судењто на глумицата, а денес ги „премотуваат лентите“ само за да му се воодушевуваат.

Иако поротата утврди дека Палтроу „не е виновна“ за несреќата на скијање во 2016 година која се случила во ски центар во Јута, а при која се судрила на ски патеката со пензионер кој ја тужеше, фановите не престануваат да се навраќаат на „случајот“ Иган, и се повеќе се дознаваат детали за неговиот приватен живот.

Многу гледачи од женскиот род се „намачија“ ѕверејќи се во згодниот Иган, додека го следеа судењето со намален звук.

На Инстаграм, стотици корисници го изразија своето восхитување кон адвокатот со седиште во Солт Лејк Сити.

Добриот изглед на Иган не беше единственото нешто што остави многу дами импресионирани; неговите академски акредитиви се исто така зачудувачки.

Иган дипломирал англиски јазик и политички науки на Универзитетот во Јута, каде што неговата теза била прогласена за најдобра во неговата класа. Тој потоа учел на Правниот факултет на Универзитетот Бригам Јанг, дипломирајќи со голема пофалба во 2014 година.

Покрај неговата импресивна правна кариера, Иган е и искусен музичар, опишувајќи се себеси како „пејач-текстописец“ на својот личен профил на Инстаграм. Има издадено и два албума кои може да се стримуваат на Спотифај.

За жал за неговата заинтересирана војска од дами и обожавателки, Иган е „надвор од пазарот“ откако се ожени со колешка музичарка во 2018 година. Една фотографија од неговиот Инстаграм профил исто така открива дека тој стана татко на почетокот на минатата година, на сликата се гледа како го лулка бебебе додека седи покрај пијано.

Сестрата на Иган е воодушевена од неочекуваното испливување на нејзиниот брат во фокусот на очите на јавноста. „Џејмс е најљубезниот, најскромниот човек“, напиша таа на Инстаграм, „Многу сум благодарна што го имам како поголем брат. Тој никогаш не сака да биде во центарот на вниманието. Така, ова беше неверојатно забавно за нашето семејство да го гледаме како блеска. Те сакам Џејмс“.

 

Слични објави

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

„Почивај во мир, ангелу македонски“: Перо Камиказа откри како Тоше Проески му дошол дома и ги пеел песните на „Меморија“

К.С.
Се вчитува....