17.8 C
Скопје
16:16 - 26 септември, 2026

(Фото) Ешли Греам со позитивна порака по нељубезното интервју со Хју Грант: А следуваше и гола фотографија

Хју Грант ги изнервира гледачите на „Оскарите“ поради интервјуто на црвениот тепих. Тој беше интервјуиран од манекенката Ешли Греам и доби остри критики за неговите безобразни одговори, пренесуваат американските медиуми.

Еден ден потоа, годинешната водителка на црвениот тепих на „Оскарите“ го коментира интервјуто:

„Знаете што, мојата мајка ми велеше да убивам луѓе со љубезност и добрина, па еве“, изјави кусо Греам за ТМЗ.

„Добро си поминав. Нозете ме болеа, но се забавував“, додаде манекенката.

Греам имаше кус разговор со видно нерасположениот актер пред доделувањето на наградите. Хју не се ни потруди да скрие колку не му се допаѓа тој разговор. Манекенката на почетокот го праша кој е неговиот омилен дел од оскаровската ноќ.

„Фасцинантно е. Целото човештво е тука“, рече саркастично Хју и додаде: „Тука е панаѓур на суетата“ (буквален превод на Vanity Fear).

Сепак, манекенката се надоврза на популарната оскаровска забава што ја организира магазинот „Венити феар“. „Да, ‘венити феар’ е главниот настан, таму треба да се опуштиме и да се забавуваме“, му одговори таа.

Се чини дека Хју изгуби секаква волја за разговор.

„Дали навивате за некого вечерва?“, го праша Ешли. „За никој конкретно“, незаинтересирано одговори тој. Таа потоа го праша што носи на него. „Костум“, ѝ одговори тој. Ешли се обиде да го претвори во шега, па праша кој го направил костумот. „Не можам да се сетам кој е кројачот“, рече Грант.

Таа потоа се обиде да го насочи разговорот кон филмот „Нож в грб 2“ . Го праша како е да се глуми во тој филм. „Едвај дури и глумам, се појавувам три секунди“, рече Хју. „Во ред, но се забавувавте“, продолжи очајната манекенка. „Речиси“, ѝ брецна Хју вртејќи со главата и правејќи гримаси.

И само неколку часа подоцна, Грем сподели на својот Инстаграм профил природни фотографии од забавата на Венити фер (која се случуваше по Оскарите). Со искреноста, спонтаноста и природноста повторно ги освои срцата на фановите.

инстаграм
инстаграм
инстаграм

 

 

Слични објави

„Тој е во сериозни финансиски проблеми“: Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ја продал вилата во Опатија, испливаа детали

Еспресо

Еве како изгледа ќерката на Тома Здравковиќ од првиот брак

E.A.

(Фото) Владо Георгиев објави емотивна фотографија со својот татко: Му го честиташе за 87. роденден и му упати трогателни зборови

Еспресо

(Видео) Цеца се огласи од теретана – пејачката беше мокра до гола кожа после тренингот

Еспресо

„Шест месеци не плаќав кирија, знаеше дека не работам“: Пејачката три години живееше во станот на Ацо Пејовиќ и откри сè за тешкиот период

E.A.

(Фото) Ивона Јо направи тетоважа во спомен на починатиот татко: „Вечно впишан на мене и во мене“

Еспресо
Се вчитува....