22:56 - 2 април, 2026

(ФОТО) ДРУГ СВЕТ: Како изгледа појадокот во Јордан, Сирија и Англија

Појадок храна

Појадокот кај нас знае да биде бурек или кифла со јогурт за тие што се „на нозе“ или класичните јајца или можеби ретро: леб со мед, путер и чаша чај. Но, остатокот од светот практикува со друг тип на храна да си го почне денот.

Јордан

Макдоус

Макдоус или макдус е типично јадење на левантинската кујна, кое се состои од мали модри патлиџани – бланширани, посолени и потоа полнети со мешавина од мелени ореви, лук и чили пипер. Младите патлиџани потоа се маринираат во маслиново масло и се ферментираат во тегла. Во Левант најчесто се јадат за појадок, но и како мезе за вечера или празнични оброци.

(ФОТО) ДРУГ СВЕТ: Како изгледа појадокот во Филипини, Пакистан и Луизијана

Сирија

Мамунија

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bay Leaf (@bayleaf.bydana)

Мамунија е десерт кој служи како иконски сириски појадок. Се состои од печен крем од гриз кој доаѓа директно од Алепо, Сирија и ретко се наоѓа на друго место во светот. Мамунија, исто така наречена мамуније се служи за појадок, но се служи и на свадби и специјални прилики. Се служи едвај топла.

(ФОТО) ДРУГ СВЕТ: Како изгледа појадокот во Перу, Мексико и Сицилија

Англија

„Ѓаволски бубрези“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @lewis.de.haas

Ѓаволски бубрези се традиционален британски појадок, подготвен со јагнешки бубрези послужени со разни сосови и зачини и сервирани на парче леб подмачкано со путер. Тие се помалку популарни денес исто како и повеќето јадења од органи. Комбинацијата на сосови (сенф, сос од домати, сос од Вустершир) и зачини (кајен, а понекогаш и кари) им ги прави бубрезите повкусни и помалку силни.

(ФОТО) ДРУГ СВЕТ: Како изгледа појадокот во Катар, Малдиви и Индонезија?

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....