22.8 C
Скопје
15:14 - 28 март, 2024

(ФОТО) ДРУГ СВЕТ: Како изгледа појадокот во Перу, Мексико и Сицилија

појадок

Појадокот кај нас знае да биде бурек или кифла со јогурт за тие што се „на нозе“ или класичните јајца или можеби ретро: леб со мед, путер и чаша чај. Но, остатокот од светот практикува со друг тип на храна да си го почне денот.

Перу

„Pan con Chicharrón“

„Pan con Chicharrón“ е сендвич направен со пржено свинско стомаче и сладок компир зачинет со Салса Криола (лута салса од кромид). Неговото потекло датира од времето на шпанското владеење, кога свињите за првпат биле воведени во земјата. Kако средство за пржење се користелa свинскa маснотиja, а готвачите наскоро откриле дека месестите парчиња стомак пржени на овој начин се неверојатно вкусни.

(ФОТО) ДРУГ СВЕТ: Како изгледа појадокот во Куба, Јамајка и Мјанмар

Мексико

Чилакилес

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily & Matt (@nerdswithknives)

Чилакилес не само што е вкусен појадок, тие е едно од најстарите и најомилените мексикански јадења, а датира од Ацтеките. Името на јадењето на нахуатлски јазик (ацтечкиот јазик што му претходи на шпанскиот) се преведува на „чили и зеленило“. Модерната верзија на Чилакилес може да биде зелена или црвена и е отпечатена во менијата како „Чилакилес Верде“ или „Чилакилес Роха“. Тортиљи кои се преостанати се сечат и се пржат, потоа се потопуваат во црвена или зелена салса и се преливаат со крема (свежа павлака која не е засладена ниту кисела), пржено јајце, кромид и кесо фреско сирење (сорта со благ вкус). Во зависност од регионот на Мексико или семејниот рецепт, може да најдете и пржен грав, пилешко или авокадо додадено во мешавината.

(ФОТО) ДРУГ СВЕТ: Како изгледа појадокот во Венецуела, Западна Индија и Турција?

Сицилија

Гранита

Во летните месеци во Сицилија, луѓе седат на плоштадите и во отворените кафулиња и барови појадуваат сорбет. Овој полумрзнат сицилијански десерт се нарекува Гранита и често се јаде рано наутро. Островот Сицилија е дом на Гранита, традиција за појадок која датира уште од средниот век. Тогаш, мажите оделе по снежните врвови на планината Етна и превезувале парчиња мраз за да им ги продадат на благородни семејства. Снегот бил смачкуван и додаван во овошен сок, а најпопуларни биле лимонот и портокалот. Иако процесот очигледно еволуирал, традицијата останала и е едно од најпопуларните јадења за појадок во лето – иако се служи цела година. Популарните верзии вклучуваат кафе, лимон, бадем, јагода, мешани бобинки и ф’стаци. Гранита секогаш се служи со топол бриош (свежо печен млечен леб) и чаша вода (иако и двете се по избор).

(ФОТО) ДРУГ СВЕТ: Како изгледа појадокот во Јапонија, Нигерија и Јужна Африка

Слични објави

(Фото+видео) Теодора Џехверовиќ првпат „уловена“ со новиот дечко: Пејачката ужива во љубовта со познат кошаркар

Еспресо

Прва објава на Тони Бијелиќ за разводот со Драгана и неговата љубовница: Отсекогаш сум бил чесен и достоинствен!

Еспресо

Богатството на Драгана Мирковиќ се проценува на 100 милиони! Од имотот, бизнисите и автомобилите на пејачката и Тони ќе ви се сврти во глава

Еспресо

„Официјално сум разведен“, Харис Џиновиќ излезе од суд и порача: Мелина е никаква, не простувам неверство!

еспресо

Големо изненадување: Пет хороскопски знаци кои ќе доживеат драстични промени во април

еспресо

(Фото) Саудиска Арабија за првпат на Мис Универзум: Оваа убавица го направи историскиот чекор

еспресо
Се вчитува....