0.8 C
Скопје
06:19 - 27 октомври, 2026

ПРОМОЦИЈА НА КНИГА: Архиви на невидливите

Во петок, 29.10.2021, со почеток од 13 часот, во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК) ќе одржи настан со неколку различни содржини и тоа: промоција на публикација, конференција и изложба кои во фокус ги имаат жените во историјата и историографијата на жените во периодот помеѓи двете светски војни.

Учеснички

Настанот ќе започне со промоција на публикацијата „Архиви на невидливите: Жените од македонското минато во печатот помеѓу двете светски војни“, која нуди авторски текстови и систематизирана библиографија за појавноста и видливоста на жените во печатените медиуми од меѓувоениот период. Публикацијата ја изготви тим од осум истражувач(к)и, и тоа Нада Бошковска (стручна соработничка/предговор), Здравко Стојкоски (историски контекст), Ивана Хаџиевска (аспекти од историјата на жените во истражуваниот печат), Мања Величковска и Фросина Крушкаровска (книжевни аспекти), Марина Мијаковска (составувачка на библиографијата), Јана Коцевска (составувачка на регистар на женски имиња) и Билјана Котевска (прирачник со препораки за крос-институционални политики). Уреднички на публикацијата се Ивана Хаџиевска и Јана Коцевска од ЦИНИК – Скопје.
 
Веднаш потоа ќе следи и конференција на тема: „Регионални искуства на архивирање и изучување на историјата на жените во печатената култура – патишта на зачувување и споделување“  на која учество ќе земат Нада Бошковска – професорка на Катедрата за источноевропска историја на Универзитетот во Цирих, Ана Колариќ – доцентка на Катедрата за општа и компаративна книжевност и теорија на книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот во Белград, Ивана Пантелиќ – научна соработничка во Институтот за современа историја во Белград и Манца Г. Ренко – асистентка на Факултетот за хуманистички науки на Универзитетот во Љубљана. Модераторка на конференцијата е Ана Василева.



Во текот на целиот ден во петок на 29 октомври во НУБ присутните ќе имаат можност да ја погледнат и изложбата на визуелната уметница Христина Иваноска на тема „Музеј на женски приказни“ започната во 2015 година. Христина Иваноска создава интердисциплинарни дела преку кои ги истражува прашањата поврзани со потиснувањето, контролата и градењето на колективната меморија во однос на стратегиите и политиките на отпор на жените, критички осврнувајќи се кон искуствата на денешните социјални и политички системи и нивната поврзаност со теоријата и историјата.

Архиви на невидливите

Настанот се организира во рамки на проектот Архиви на невидливите, поддржан од Фондација Хајрих Бел, Министерство за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје.

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....