08:35 - 16 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Какво време нè очекува викендов?

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 20 степени, прогнозира Славчо Попоски.
Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 17 степени.
Според Попоски за време на викендот ќе се задржи стабилно, суво и сончево време. Наутро ќе биде студено со минимални температури кој понекаде ќе се спуштат до околу -4 степени, со што локално и понатаму ќе има појава на мраз. Максималните температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 20 степени.
– Промена на времето, проследена со зголемување на облачноста, врнежи од дожд и умерен до засилен ветер од југоисточен правец ќе имаме во почетокот од следната недела, односно во вторник, заклучува метео прогнозерот.

Слични објави

Хороскоп за 16 ноември: Ракови, верувајте ѝ на вашата интуиција

Еспресо

Една порција зелен лиснат зеленчук дневно — што открива истражувањето за помнењето во повозрасната доба?

К.С.

(Фото) Џејла Рамовиќ во впечатливо издание – блесна во мини фустан со кој ги истакна нејзините долги нозе

Еспресо

Сопругата на Лазар Ристовски ѝ одговори на жена која ја нарече спонзоруша: „Ги доби своите пет минути“

Еспресо

„Каде песно моја“ – меланхоличниот евергрин на Славе Димитров што речиси пет децении ја чува својата магија

Т.Ц.

Весна Ривас ја прослави годишнината со сопругот кој ја изневерувал – се разделија, а денес повторно се заедно

Е.А.
Се вчитува....