Јелена Карлеуша во моментот поминува низ вистинска драма со својот поранешен сопруг Душко Тошиќ, кој упаднал во вилата на Дедиње. Оваа непријатна ситуација ѝ се случи на поп-ѕвездата додека е на одмор во Дубаи, каде што во вторникот отиде со своите ќерки. Карлеуша отиде во Емиратите за да ги наполни батериите пред објавувањето на двата сингла, кои премиерно ќе ги претстави во „Ѕвездите на Пинк“.
И додека поранешниот сопруг на пејачката ги менува бравите на вилата на Дедиње, во којашто живее Јелена со ќерките, таа се обидува да се опушти и да ужива што е можно повеќе во еден од најскапите хотели во Обединетите Арапски Емирати. Како што може да се види на страницата за резервација на хотел, Карлеуша престојува во хотел каде што за пет ноќевања платила околу 10.000 евра. Станува збор за еден од најлуксузните одморалишта, кој им нуди на гостите со длабок џеб сè што нивната фантазија ќе посака.
@karleusaofficial Kisses from Dubai #karleusa #atlantisroyal ♬ Pretty Girls Walk – Big Boss Vette
Хотелот има приватна плажа, модерни соби со најнова технологија, спа центар, а рестораните се особено познати, кои служат разновидна храна од сите светски кујни.
Несвесна дека Душко „планирал“ да упадне во вилата, Карлеуша уживаше во Дубаи и судејќи според социјалните мрежи, изгледаше многу опуштено и смирено. Се сончаше, се релаксираше, а додека се снимаше во син фустан во хотелската соба, нејзината помлада ќерка Ника влета во кадарот.
@karleusaofficial My all time favorite color #karleusa ♬ original sound – Cuteperson129
Јелена потврди дека го пријавила случајот во полиција од Дубаи, наведувајќи дека Тошиќ влегол во куќата на Дедиње.
– Јас сум во Дубаи со моите деца. Претпоставувам дека тој провалил таму, јас пријавив во полиција- рече Карлеуша.
Српски „Курир“ го контактирал Душко Тошиќ, кој дал кратка изјава и не сакал да навлегува во детали.
– Не знам што ме прашувате? Јас сум во мојот стан – рекол Тошиќ.
Потоа, наводно престанал да одговара на повици и пораки.
Да потсетиме, Карлеуша постојано нагласуваше дека не е во добри односи со Тошиќ по разводот и дека нема комуникација меѓу нив, иако, како што рече, нивните ќерки имаат нормален однос со нивниот татко. Пејачката ги истакна и тврдењата дека нејзиниот поранешен сопруг не плаќа алиментација за нивните ќерки Атина и Ника Тошиќ, но дека верува дека државата ќе го регулира сето тоа.
