10.8 C
Скопје
19:25 - 14 март, 2026

(Фото) Џони Деп има нова девојка, 33 години помлада од него: Руска убавица со длабок џеб

Холивудскиот актер Џони Деп (61) е фотографиран во друштво на позната руска манекенка, Јулија Власова (28), во Лондон.

Тие биле „уловени“ од папараците додека полетувале од хелиодромот. Познато е дека Јулија е од Русија, сега работи во Европа, а води свој салон за убавина во Прага и според странските медиуми, Русинката заработува одлично и веројатно е побогата од глумецот.

Пред ова се шпекулираше за можна романса меѓу 60-годишниот Џони Деп и 20-годишната Џена Ортега. Гласините дојдоа откако блогот за слави „Деуксмои“ објави дека актерите се забележани заедно и можеби работат на „Beetlejuice 2“, кој треба да излезе следната есен. Деп пак, меѓувреме им откри на новинарите дека не може ни да размислува за врска, бидејќи е посветен целосно на работата и нема време за врска.

Потсетуваме, неодамна близок пријател на Џони Деп, им откри на медимумите дека актерот целосно го променил личниот живот по неговиот скандалозен развод од Амбер Херд.

„Тој расчисти со минатото, си ја врати славата на своето име и повторно доби огромна јавна поддршка. Џони тргна напред. Другото е се оставено во минатото“, објасни инсајдер за Дејли меил.

Слични објави

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

(Фото) „Светот ги сака победниците“: Мајката на Милица Тодоровиќ со порака за ќерката во екот на скандалот

Еспресо

Една чаша пред спиење ја елиминира можноста од срцев удар – Кога и колку вода да пиете за организмот да ви функционира совршено

Еспресо

Традиционален македонски рецепт за Јогурт чорба со месо и зеленчук

Еспресо

Евровизиските обложувалници веќе ги откриваат првите фаворити за победа на Евровизија 2026

Еспресо

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо
Се вчитува....