14:16 - 7 ноември, 2026

(Фото) Дали Ед Ширан навистина ги победи дрогата и алкохолот: Што бара тогаш виното во рака?

Ед Ширан е фатен во весело расположение додека ужива на вечера со пријателите во Лондон, неколку дена по интервјуто во кое експлозивно раскажа детали за својата битка со дрогата и нарушувањето во исхраната, односно со прекумерно конзумирање на алкохот, но и дрога.

Сепак, последните фотографии покажуваат дека Ед Ширан не стои на зборот на кој – барем во итервјуто – се заколна дека нема да продолжи во таа насока. Туку покажуваат како уживал во неговата вечера со пријателите во вторникот вечерта. Вечерата се одвивала во ресторан во Западен Лондон. А откако завршила дружбата,  Ед Ширан е фотографиран како се упатува кон своето возило носејќи вино во кеса.

На последното интервју за „Ролинг Стоун“, Ед Ширан изјави дека го поминал периодот каде што „војувал“ со  дрогата, алкохолот и неговото прекумерно јадење.

На истото тоа интервју, Ед објаснува како татковството му помогнало да се одвикне од прекумерно пиење на алкохол. Тој сподели дека никогаш повеќе нема да се дрогира бидејќи тоа би било непочитување кон неговиот покоен другар Џамал Едвардс, кој почина поради истите тие пороци кои го опкружувале Ед Ширан.

 

.

Слични објави

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.
Се вчитува....