13:35 - 27 ноември, 2026

(Фото) Бритни Спирс првпат во јавност по објавувањето на развод: Вознемирена и необично облечена

Пејачката Бритни Спирс е снимена во ресторан во Калифорнија.

Американската пејачка Бритни Спирс првпат беше забележана во јавноста откако објави дека се разведува од сопругот Сем Асгари. Фотографиите ги објави Дејли Мејл.

Бритни Спирс влезе во објективите на папараците кога го напушти ресторанот Dave’s Hot Chicken во Калифорнија. На фотографиите и видеото, 41-годишната пејачка е „уловена“ облечена во бел предимензиониран џемпер со „спуштена“ раменица и кратки тексас шорцеви. Според очевидци, ѕвездата изгледала вознемирено кога го напуштила ресторанот во придружба на нејзините двајца телохранители.

На 16 август се дозна дека Бритни Спирс се разведува од Сем Асгари една година по венчавката. Според новинарите, една недела претходно Асгари и Бритни се степале поради гласините за нејзиното неверство. Потоа, тој се иселил од нивната заедничка куќа и поднел барање за развод. Медиумите објавија дека Спирс го пријавила нејзиниот сопруг за семејно насилство.

На 19 август, Бритни Спирс им се обрати на нејзините следбеници на социјалните мрежи признавајќи им дека сега ѝ е тешко да изразува емоции, бидејќи „секогаш морала да ги крие своите слабости“.

Сопругот на Бритни Спирс обвинет за сексуално вознемирување: „Одбив да водам љубов со него под туш во теретана“

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....