18:09 - 6 април, 2026

(Фото) Богато ѓезме во Битола- еве на каков уникатен начин нашиот познат пејач славеше двојно

Пејачот Димитар Андоновски и неговата сопруга Христина во август во 2015 година ја крунисаа својата љубов со брак, a во октомври истата година направија свадба за паметење, на која тој запеа и ѝ посвети песна.

На свадбата запејаа многу пријатели од естрадата на Димитар. Во 2017, на Христина која е од Прилеп, и битолчанецот Димитар им се роди синот Михаил. Во 2022 година, се роди нивниот син Гаврил.

Инаку, остана запаметено дека Димитар кој е и менаџер на еден клуб во Битола, јавно, на концерт на Каролина Гочева, ја побара за жена својата тогашна девојка со која е веќе една деценија во брак.

Димитар викендов славеше двојно, неговиот роденден и јубилејот со неговата сопруга. Па објави сториња со ѓезме во двор, во домашна атмосфера, како тој со најблиските пее и се весели.

Фото/ Инстаграм

А на една слика со торта, тој е со семејството и има две свеќи, 40, за неговиот роденден и 10 за годшнината од бракот со сопругата Кристина. „Смислата на животот“, пишува до оваа слика со два убави поводи.

Фото/ Инстаграм

Слични објави

(Фото) Иста како мама: Ретка слика на Кате од „Соната“ со ќерката Ана

msp-admin

Кеба се расплака среде емисија, Ѓорѓе Давид го тешеше: „Ме скрши на парчиња“

Еспресо

Луксуз од полно дрво без луксузен трошок – Одберете си масивна дрвена маса по цена што е реална и достапна

Еспресо

(Видео) Сандра Африка без шминка и разбушавена: Пејачката во непрепознатливо издание ги насмеа фановите

Еспресо

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо

(Фото) Свршеникот на Јована Јеремиќ отиде на Света Гора – Тигар го посети манастирот Хиландар

Еспресо
Се вчитува....