32.8 C
Скопје
14:41 - 8 септември, 2026

(Фото) Бен Афлек драстично го промени изгледот по разделбата со Џенифер Лопез: Подмладен и со кратка коса

Холивудскиот актер Бен Афлек си направи нова фризура по гласините за развод од пејачката Џенифер Лопез. Фотографиите се објавени на веб-страницата на Дејли меил.

Бен Афлек беше „уловен“ од папараците на паркинг во Лос Анџелес. Актерот во јавноста се појави со кратка фризура со избричени слепоочници. Афлек носеше црна маица, кожна јакна, темно сиви тесни фармерки, чизми и очила за сонце.

Читателите на Дејли меил го коментираа новиот имиџ на актерот.

„Мислам дека изгледа одлично, добро му стои“, „Можеби се сменил за новиот филм? Не можам да верувам во таква радикална промена кај него“, „Нека биде онаков каков што си, без разлика како изгледа. Очигледно, живеењето според Холивуд не е негова работа“, „Ми се допаѓа неговиот изглед! Изгледа помладо“, „Знаеш како жените си ја потстрижуваат косата по раскинување? Мислам дека и мажите го прават тоа!“ – напишаа интернет корисниците.

Во мај се појавија гласини дека Џенифер Лопез и Бен Афлек имаат сериозни проблеми во бракот. Беше објавено дека актерот се иселил од нивната куќа и се преселил во изнајмена куќа.

Неодамна се дозна дека славните ја поминале втората годишнина од бракот одвоено, што ги подгреа гласините за развод. Бен Афлек ја пропушти и роденденската забава на Џенифер Лопез, а иистиот тој ден си купил нов дом во Лос Анџелес.

(Фото) Том Круз во љубовна романса со шпанска пејачка: „Практично се неразделни“

Слични објави

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Верица Ракочевиќ за животот, успесите и загубите: „Продадов три големи стана во Белград за бизнисот“

E.A.

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ носеше фустан вреден 2.400 евра на роденденската прослава

Еспресо

Сите благодети на морската сол – содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето, кожата и косата

Т.Ц.

Тага и солзи: Росана со лична приказна за Маријана

Еспресо
Се вчитува....