16.8 C
Скопје
15:23 - 10 март, 2026

(Фото) Анџелина Џоли и Бред Пит на филмскиот фестивал во Венеција: Примирје или скандал?

49-годишната американска актерка и режисерка Анџелина Џоли пристигна во Венеција на годишниот филмски фестивал. Таа се појави во јавност облечена во беж мантил, црни панталони и чизми со високи потпетици. Изгледот го заокружи со трендовски очила за сонце.

На 81-от филмски фестивал во Венеција, Анџелина Џоли ќе го претстави својот нов филм „Марија“, биографска драма за грчката оперска пејачка Марија Калас.

Кадар од филмот Марија

На фестивалот во италијанскиот град се очекува да биде и нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит со неговиот филм „Волци“ во кој глуми заедно со Џорџ Клуни.

Кадар од филмот Волци

„Ја преземам одговорноста за да го претставам животот и наследството на Марија многу сериозно, ќе направам се што можам за да се справам со оваа задача“, изјави претходно Анџелина Џоли.

Познато е дека двојката Џоли-Пит се тужи веќе осум години и никогаш, под никакви околности, не присуствувале на ист настан. Ситуацијата се влошува со старателството над децата што го делат поранешните сопружници. Неодамна, неколку биолошки и посвоени деца „масовно“ го напуштија презимето „Пит“, избирајќи во корист на нивната мајка и јавно нагласувајќи чиј став заземаат во спорот. Двократниот оскаровец Пит ја обвинува Џоли за моменталната ситуација.

Жирито и организаторите на Фестивалот, сепак, се справија со притисокот на околностите и не избраа никого. Едноставно ги „разведоа“ актерите во распоредот. Премиерата на филмот „Марија“ ќе се одржи овој четврток, на 29 август. По вечерниот дел, Анџелина и режисерот веднаш ќе одлетаат за TFF (Американски филмски фестивал Telluride). А Пит ќе пристигне на островот Лидо дури во сабота, веројатно придружуван не само од неговиот партнер на филмското платно Џорџ Клуни, туку и со неговата љубовница Инес де Рамон.

 

Слични објави

(Фото) Еве како изгледа единствениот син на Тони Цетински: Живее далеку од Хрватска и има успешна кариера

Еспресо

„Ми се врати детето“: Луна Ѓогани конечно во прегратката на мајка ѝ и ќерките по драмата на Блискиот Исток

apostolova

Необична слика од Маја Панчева, пејачката изненади од рано наутро

msp-admin

Здравко Чолиќ ја бакна сопругата на Тарик Филиповиќ: Оваа приказна ја сподели Лејла за него

msp-admin

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

(Фото) По 15 години брак уште се романтични како младенци: Водителот Ненад со сопругата на плажа

msp-admin
Се вчитува....