17:35 - 7 ноември, 2026

(Фото) Ана Стојанова ги полни батериите во Турција — згодната инфлуенсерка никогаш не била во подобра форма!

Македонската инфлуенсерка и водителка Ана Стојанова деновиве ужива во летен одмор во Турција, а дел од атмосферата сподели и со своите следбеници на социјалните мрежи.

Заедно со сопругот Кирил, таа престојува во Аланија, каде што деновите ги минува во популарниот „Sundaze Beach Club“, уживајќи во сонцето, морето и опуштената атмосфера покрај базен.

На фотографиите што ги објави, Ана позира во впечатливо зелено-жолто бикини, додека во преден план се романтичните моменти што ги споделува со својот животен сопатник.

Фото: Инстаграм/Ана Стојанова
Фото: Инстаграм/Ана Стојанова
Фото: Инстаграм/Ана Стојанова

Парот важи за еден од поскладните на домашната јавна сцена. Нивната љубовна приказна доби филмска димензија во ноември 2021 година, кога Кирил ја запроси Ана на покривот на Градскиот трговски центар во Скопје. Само неколку месеци подоцна, на 2 јули 2022 година, тие го кажаа судбоносното „да“ на свадбена церемонија во Охрид, организирана во вила со базен и прекрасен поглед кон Охридското Езеро.

Оттогаш, Кирил е нејзина голема поддршка и во приватниот и во професионалниот живот. Тој беше покрај неа и за време на нејзините патувања и снимања во Бразил, а сега двајцата повторно користат слободен момент за заедничка авантура.

Слични објави

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо
Се вчитува....