01:21 - 10 ноември, 2026

Фестивал на античка драма „Стоби“ – Драмски со „Кармен“ утре во Велес

Драмски театар Скопје со монодрамата „Кармен“ ќе учествува на 19 издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“.

Претставата, како што информираат од Драмски, ќе биде изведена во рамките на оф-програмата на фестивалот на 20 септември во 22 часот на сцената на НТ „Ј.Х.К. Џинот“, Велес.

Монодрамата „Кармен“ на Биљана Драгиќевиќ Пројковска, создадена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од Мигел Делибес, својата премиера ја имаше во мај 2021 година.

Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајковски.

Актерката Биљана Драгиќевиќ Пројковска е член на жири-комисијата на 19 издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“. Останатите членови на жирито се

Актерот Ѓорѓи Јолевски и театарскиот режисер Деан Дамјановски.

Фестивалот на античка драма „Стоби“, се одржува од 17 септември до 1 октомври во НТ „Ј.Х.К. Џинот“ во Велес со богата официјална селекција, придружна програма и оф– програма на фестивалот.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....