18:03 - 4 ноември, 2026

Еве колку стотитици илјади евра заработила Цеца од Јутјуб! Не снимила албум 10 години, а ги руши сите рекорди, ги покори и Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија…

Српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ уште еднаш покажа зошто е една од најпопуларните музички ѕвезди во регионот. Иако го издаде својот последен албум „Автограм“ уште во 2016 година, нејзините стари хитови и понатаму суверено владеат на платформата Јутјуб.

Крајот на годината е време кога се сумираат резултатите, а Цеца може да се пофали со повеќе од добар успех оваа година. Во 2025 година, Ражнатовиќ повторно била најслушаната фолк ѕвезда на Јутјуб во Србија. Нејзините песни забележале неверојатни 114 милиони прегледи во 2025 година.

Како што е познато, заработката од Јутјуб е во просек од 800 до 1.000 евра на милион прегледи, па со едноставна пресметка се доаѓа до износ од повеќе од 300.000 евра само во Србија, колку што заработила Цеца во текот на оваа година. Тоа автоматски ја сместило на самиот врв по заработка на овие простори. Секако, оваа сума нема целосно да ѝ припадне на Ражнатовиќ, туку се дели со текстописци, издавачи и други соработници.

Во топ 10, по Цеца, се наоѓаат и Николија на второто место, Теа Таировиќ е на третото место, по неа се Наташа Беквалац, Сајфер, Хени и Бресквица, Милица Павловиќ, Девито и Цоби.

Ражнатовиќ владее на Јутјуб трендигот во регионот, па нејзините песни се преслушани 27 милиони пати во Хрватска, а интересно е што фолк пејачката е единствената изведувачка во првите 15 места во Хрватска.

На ниво на цела Босна и Херцеговина во 2025 година, хитовите на Цеца се преслушани 40 милиони пати, а во Словенија девет. Фолк пејачката е таму во топ 10 и единствената жена изведувачка. Во Македонија, таа имала 18 милиони прегледи, а покрај неа, само Теа Таировиќ е во топ 10 кога станува збор за пејачки.

А Црна Гора ја сака Ражнатовиќ со децении, па нејзините песни таму имаат забележано 13 милиони прегледи, каде што таа е и во топ 10 како женски изведувач во друштво на Таировиќ.

Порано, продажбата на албуми зборуваше за успехот на пејачката, но сега Јутјуб стана платформа каде што јасно може да се види силата на кариерата на Цеца. Концертните снимки, официјалните музички видеа и настапите во живо редовно се меѓу најгледаните содржини во регионот.

Слични објави

(Фото) Спомени од Тоше Проески во Риека — досега ретко видени фотографии откриваат како ги поминувал деновите во хрватскиот град

К.С.

Милиќ Вукашиновиќ за загубата на ќерката и ампутацијата: „Секогаш кога ќе заѕвонеше телефонот, бев подготвен за најлошото“

E.A.

Четири хороскопски знаци ги очекува тешка 2027 година — ќе мора да донесат важни животни одлуки

К.С.

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо
Се вчитува....