8.8 C
Скопје
12:18 - 1 април, 2026

Ердоган: „Следната недела ќе разговарам со Путин и Зеленски“; преговори за „коридор за жито“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган следната недела има намера да разговара со рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Володимир Зеленски, а ќе разговараат за ситуацијата во Украина, известува руската агенција Тасс.

Ердоган додаде дека има намера да го реши прашањето за „житниот коридор“ – безбеден извоз на жито од Украина.

„Во тек е војна меѓу Украина и Русија и знаеме дека земјоделските производи во голема мера доаѓаат од овие земји“, рече тој. „Во оваа фаза немаме проблеми со ова, имаме 5 милиони тони жито во нашите магацини, но би сакале да ги зголемиме овие количини – додаде тој -. Ќе учествуваме во работата за создавање безбеден коридор за пратките на земјоделски производи, „не само за нас, туку и за другите земји“.

Според турскиот лидер, „преговорите се во тек“ и „во следната недела ќе разговараме за чекорите кои може да се преземат, со Зеленски и Путин“, пренесува новинската агенција Анса.

Слични објави

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

msp-admin

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....