Марија Шерифовиќ се огласи од Бали, каде што поминала низ посебен третман кој, како што самата вели, оставил длабока и трајна трага во нејзиниот живот.
Нејзината објава на социјалните мрежи предизвика големо внимание и бројни реакции од јавноста, а многумина ја опишаа како исклучително искрена и трогателна.
За време на десетдневниот престој, пејачката, според сопствените зборови, минала низ интензивен внатрешен и емотивен процес. Таа го опиша искуството како соочување со делови од себе кои со години ги потиснувала и избегнувала.

„Десет дена беа доволни да нурнам во оние делови од себе што цел живот ги заобиколував и да признаам нешта кои повеќе од триесет години чекаа да бидат видени. Човек не може сè сам – тоа го научив јас, онаа што секогаш одеше сама. Така во мојот живот влезе Вања. Не за да ме води, туку за да ме врати кон самата себе“, напиша Шерифовиќ.
Позната по тоа што ретко зборува за приватниот живот, Марија и претходно нагласувала дека својата интимна страна ја чува далеку од очите на јавноста.
Пред неколку години отворено зборуваше за својот однос кон љубовта и врските, истакнувајќи дека сè уште не запознала личност за која би сметала дека треба да биде дел од јавноста. Притоа додаде дека нејзините досегашни емотивни избори биле луѓе кои не се познати личности.
Таа нагласи и дека подолг период ништо не се случува на љубовен план, но дека таквиот начин на живот целосно ѝ одговара.
„Одлично живеам и без љубов“, изјави тогаш Марија пред камерите.
