7.8 C
Скопје
01:06 - 20 октомври, 2026

Ема Хеминг прави сѐ за да ја ублажи деменцијата на Брус Вилис: „Тоа знае да влијае на моето целокупно ментално здравје“

Сопругата на Брус Вилис, Ема Хеминг, преку својот Инстаграм профил ја потврди поддршката што ја добива од сите доктори и специјалисти за грижата на својот сопруг во овие тешки времиња. На 67-годишниот актер неодамна му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција, болест чии симптоми вклучуваат и често-променливо однесување, па и агресивност.

Хеминг работи со специјалистката Тепа Сноу со цел да научи како најдобро да се грижи за својот сопруг во овој момент.

„Благодарна сум што имав можност да работам со Тепа Сноу, која ми помага на многу начини како да се справам со деменцијата на Брус“, напиша Хеминг.

Поради влошената здравствена состојба, ѕвездата реши да ги продаде сите свои имоти освен куќата во која што живее. Домовите што ги продаде беа локациски во Туркс и Каикос, Ајдахо и Беверли Хилс. Планот на Брус и Ема е да се населат во близина на нивното семејството во Калифорнија, за Брус да може да поминува повеќе време со своите најблиски.

Според TopTenRealEstateDeals.com, Брус го продал имотот за 27 милиони долари во 2019 година, а сега се враќа на пазарот за 37,5 милиони по целосното редизајнирање. Во меѓувреме, неговиот имот од 22,6 хектари во Вестчестер, Њујорк, беше продаден за 7,66 милиони во 2020 година, што е неверојатни 41 отсто помалку од првичната барана цена од 12,95 милиони.

„Ги ставам потребите на моето семејство над моите. Тоа е сега најважно, и не треба да се сметам за никаков херој. Понекогаш тоа знае да влијае на моето целокупно ментално здравје“, призна Хеминг.

 

 

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....