15:17 - 8 ноември, 2026

Елена Велевска откри за што се моли во животот

Елена Велевска искрено откри кои се нејзините животни молитви. Фолк-пејачката сподели за што во животот вистински треба да се молиме.

Таа сподели видео од српската инстаграм-страница „Сѐ е можно за оној кој верува“, во која се зборува дека не треба да се молиме за брак или за работа.

– Молете се само Господ да ви го даде тоа што е за вас и вашето спасение. Она што нам во овој момент ни се чини дека е најдобро за нас, веќе во следниот момент ќе биде најлошо. Не се молете ниту за брак, ниту за деца, ниту да ја смените работата.

Господ гледа што ве чека на таа следна работа. Гледа какви личности ве чекаат на таа следна работа. Или не се молете да се омажите за една одредена личност или да се ожените за една одредена личност, а Господ едноставно гледа дека таа личност за половина година или за пет години ќе се смени, дека ќе ви го претвори животот во пекол.

Моето мислење е само да му се молите на Господ, читајте го тоа молитвено правило кое го имате, и молете му се на Господ, за влез во царството Господово, едноставно тоа да биде што ни е нам спасение – се вели во видеото што го споделила пејачката.

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....