14.8 C
Скопје
17:37 - 14 март, 2026

Елена позајмуваше пари за автобус и правеше фустани од марами, а сега живее како кралица во оваа убава земја

Порано едвај преживуваше, а сега живее убав живот во една од најубавите европски земји. Оваа наша пејачка има навистина живот како на филм.

Станува збор за пејачката Елена Петреска, позната по својот убав глас, која живее во Белгија со своето семејство, со сопругот Андреј и со двете деца, ќерката Софиа и синот Михаел. Но, во една прилика, таа си ја отвори душата за тешкиот пат кој го поминала.

-Првиот таканаречен шамар беше кога заради финансиската состојба во која западнавме морав да се вратам во Прилеп и да ги прекинам студиите на Музичка академија.

Бев разочарана и депресивна, но одлучив да се борам, секогаш се сеќавам на тие 280 денари за автобуска карта кои ми ги даде мојот тетин и со кои се вратив назад во Скопје и почнав да пеам за да заработувам за живот.

Имаше моменти кога немав денар во џеб и кога го допрев дното, но фала му на Бога, и на мојата мотивација, работа на себе и трудољубивоста, почнав да се качувам на скалата да стигнам до нулата, зошто таму кај што бев беше минус.

Не се откажував никогаш, се борев постојано, одев на фестивали, на настапи, некогаш со позајмени фустани, со сандали фарбани со боја, со фустани направени од марами, зафатени со безопасни, кои сама си ги изработував.

Се сеќавам на Охрид фест кога победив со песната “Галебе” а едвај отидов на фестивалот со 500 денари во џеб… сега си се чудам на храброста и самодовербата која ја имав“, рече Елена во една прилика во Женски магазин.

На новите слики кои ги има објавено на нејзиниот Фејсбук профил, таа е вистинска дама со стил, изгледа убаво и среќно во центарот на Монс во Белгија.

Фото/ Фејсбук

Слични објави

Една чаша пред спиење ја елиминира можноста од срцев удар – Кога и колку вода да пиете за организмот да ви функционира совршено

Еспресо

Традиционален македонски рецепт за Јогурт чорба со месо и зеленчук

Еспресо

Евровизиските обложувалници веќе ги откриваат првите фаворити за победа на Евровизија 2026

Еспресо

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ стана баба: Има само 35 години, а веќе ја доби оваа улога – „Ти благодарам, Боже, пристигна Миња“

Еспресо

(Фото) „Тој е богат и живее во Мајами“: Станија сподели информации за мистериозниот бизнисмен кој ѝ го украде срцето

Еспресо
Се вчитува....